Вести Македонија Најважни

И 19-годишна Израелка со потекло од Македонија меѓу заложниците на Хамас – Наама Леви е дел од „Раце на мирот“

Наама Леви, 19-годишна девојка со потекло од Македонија, била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата за „Глас на Америка“ на македонски јазик ја потврдила Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.

На социјалните мрежи веќе е објавено и видео од 19-годишната Наама Леви, а на кое се гледа дека била малтретирана. Барање за помош е упатено и до Еврејската заедница во Македонија, за да се потврди нејзиното македонско потекло, кое, како што се тврди, го има од нејзина чукунбаба.

„Ми се јави господинот Шаул Леви, кој има корени од Македонија, и побара да помогнеме на кој било начин да се ослободи неговата внука. Таа е активист за мир, но била киднапирана и однесена во Газа. Има докази и видео од нејзе“, изјавила професорката Друмер за „Глас на Америка“.

Според податоците што ги испратиле роднините на девојката, нејзината пра-прабаба Грасиа Бивас била родена во Македонија во 1893 година, во семејство на Хаим и Сара Бивас. Бабата, како девојче, околу 1900 година, заминала во Израел каде што низ годините основала семејство. Девојката Наама Леви е една од нејзините потомци.

„Но, киднапирана е, има слики дека е жива, но се гледа и дека била силувана. Се бара помош, да се види дали преку тоа што има македонски корени да се направи нешто. На тоа работам сега“, вели професорката Друмер.

Киднапираната девојка Наама Леви била дел од мировната организација „Раце на мирот“, чија мисија била да ги поттикне младите од Израел, Палестина и од Америка да станат промотори на мирот.

„Таа е борец за мир. Се бореше да се зборува и да се направат контакти со нашите соседи, со луѓето од Газа“, додава професорката Друмер.

За киднапирањето на Наама објавиле и од организацијата „Раце на мирот“.

„Наама дојде во организацијата со цел да научи повеќе за конфликтите и да развие вештини да создаде промени со кои сите ние ќе живееме горди, еднакви и слободни“, се вели во соопштението во кое се бара каква било помош или информација за нејзино ослободување.

Според израелските воени институции, во нападот на Хамас на 7 октомври, биле киднапирани 242 Израелци. Од нив до сега четворица биле ослободени, а еден бил спасен.

Повеќето македонски граѓани кои се наоѓаа во Израел, како и во Газа, беа евакуирани и пристигнаа во земјава преку специјални хуманитарни летови.

Фото: X (Twitter)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Кривични за семејно насилство – еден син ја влечел мајка му со кола, а друг со тупаници барал пари од својата мајка – обвинителството бара мерки за претпазливост

Дејан Дејан

Стомачните тегоби не стивнуваат, но епидемилошката состојба полека се смирува, велат епидемиолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе