Вести Најважни Свет

Израелците чистат терен во Газа, тенковите го поделија појасот на два дела – воздушните удари продолжуваат

Расчистување на терен, пешадиски активности, пробив со тенкови и оклопни возила. Израелската армија објави снимка од копнените операции на нејзини единици во Појасот Газа додека продолжува со потерата по милитанти на Хамас, но и соопштение во кое наведува дека нејзини единици наводно влегле и во лавиринтот на тајни подземни тунели на палестинското милитантно движење.

Портпаролот на израелските сили Даниел Хагари на денешниот брифинг истакна во текот на ноќта, во комбинирани акции на копно и од воздух, биле „убиени голем број на милитанти на Хамас“ и погодени стотици цели на палестинската организација. Во обраќањето истакна дека Израел, паралелно со операции против Хамас, извршил воздушни удари и врз позиции на Хезболах, а се осврна и на бројот на заложници кои ги држи Хамас за кој рече дека е зголемен.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ги одби апелите на меѓународната заедница за прекин на огнот. Таквиот негов став наиде на поддршка од официјален Вашингтон. Советникот во Белата куќа за национална безнедност, Џон Кирби истакна дека прекин на огнот не е „вистински одговор во моментот“, но ја истакна потребата од „паузи“ во воените дејствија за доставување на хуманитарна помош за населението во Газа.

Палестинскиот амбасадор во Обединетите Нации, Ријад Мансур во жестока дебата во Советот за безбедност го обвини Израел за „злосторства“ и „варварство“ во услови на зголемена смртност на цивилите. Тој повика да се поддржи резолуцијата на Арапската лига со која се повикува на итен прекин на огнот и обезбедување на итна хуманитарна помош за Газа.

Според Министерството за здравство во Газа, бројот на загинати Палестинци во војната меѓу Израел и Хамас е над 8.300 луѓе. Повеќе од 1.400 луѓе во Израел, пак, беа убиени, од кои повеќето цивили, во вооружен напад и упад на милитантите на Хамас на израелска територија.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе