Вести Најважни Свет

Газа е пекол на земјата, спасете ги Палестинците, и тие се луѓе – Мансур пред Советот за безбедност на ОН

Палестинскиот претставник во Обединетите Нации (ОН), Ријад Мансур во своето обраќање на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН го дефинираше страдањето на населението во Појасот Газа како „пекол на Земјата“, јави агенцијата ДПА.

Тој ја цитираше изјавата на поранешниот генерален секретар на ОН, Даг Хамершелд во 1954 година: „Обединетите нации не се создадени за да нè одведат во рајот, туку за да нè спасат од пеколот“. „Газа сега е пекол на Земјата“, порача Мансур.

Палестинскиот постојан набљудувач рече дека досега се убиени повеќе од 8.000 Палестинци, вклучително и повеќе од 3.000 во јужниот дел на Газа, каде што Израел „насилно префрли стотици илјади луѓе“.

„Речиси сите наши луѓе во Газа се бездомници, раселени, се движат од една во друга семејна куќа. Тие „спијат во своите автомобили, спијат на улиците и сè уште ги убиваат каде и да одат за да ги убедат дека нема да бидат безбедни никаде во Газа“, рече Мансур.

„Спасувањето на човештвото од пеколот денес за ОН значи спасување на Палестинците во Газа. Спасете ги. Однесувајте се кон нив како човечки суштества“, додаде тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милијарда евра со ниска камата од странска влада- од каде е финансискиот пакет кој го најавува Мицкоски

Дејан Дејан

Ахмети со најубедлива победа, Пендаровски со најголем пораз во своето маало

Тревата пред Влада бара одговорност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе