Вести Македонија Најважни

Уапсени 20 бизнисмени – со далавери со фактури го оштетиле буџетот за осум милиони евра

Дваесет сопственици и директори на 28 фирми се уапсени, а шестмина сè уште се недостапни во денешната акција на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и Финансиската полиција со кодно име „Синџир“. Тие се осомничени за злосторничко здружување, затајување данок и за перење пари.

Тие се сомничат дека основале или преземале фирми, преку кои изготвувале лажни фактури за да избегнат плаќање ДДВ.

Според обвинителството, на тој начин го оштетиле буџетот за над 490 милиони денари, односно за скоро осум милиони евра.

За 13 осомничени е побаран притвор, за еден домашен притвор, а за останатите 12 други мерки за претпазливост, како одземање пасош, забрана на напуштање на живеалиштето и забрана за контакти со одредени луѓе. Побарано е замрзнување имот на пет луѓе и седум фирми.

Тројца неготинци се осомничени дека ја создале криминалната група во 2019, а потоа им се приклучувале и други осомничени.

Утринава беше соопштено дека обвинителството и финансиската полиција апсат луѓе и претресуваат објекти на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе