И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски со иста надеж, дека до декември Македонија ќе ги испорача уставните измени и ќе го продолжи патот кон Европската унија. Тие денеска на заедничката прес-конференција по сребата која ја имаа во владата ги повикаа политичките партии да го искористат моментот.
„Северна Македонија е суверена земја која прави свој избор, значи изборот е на вас. И поради тоа јас длабоко се надевам дека сите партии ќе го зграпчат тој момент и ќе ги поддржат уставните измени, бидејќи е ваша иднина, ваш избор и сите партии имаат одговорност за иднината на Северна Македонија“, рече Фон дер Лајен.
„Сметам дека сите треба да си ја земат одговорноста во свои раце, меѓутоа пред се одговорноста пред сегашните и пред идните генерации. Со вакви работи не се калкулира, со вакви работи не се прави личен политички рејтинг, со вакви работи не смее да се игра со емоциите на граѓаните, бидејќи тоа ќе значи единствено повторување на оној лош филм којшто го гледавме 11 години во државата“, рече Ковачевски.
Фон дер Лајен која во Макеоднија ја започна својата балканска турнеја за промовирање на развојниот план на ЕУ за Западниот Балкан, од прес-салата на владата ги повтори пораките кои ги кажа на самитот ЕУ – западен Балкан во Тирана пре дестина дена за тоа како овој план ќе ја зголеми економијата на земјите од регионот за 10 проценти и очекувањата македонскиот бруто приход, кој сега е 42 проценти од европскиот да се удвои за десет години.
Слични очекувања од развојниот план на ЕУ има и Ковачевски, иако знае дека до целонсото членство на земјава во Униата има уште многу работа.
„Секако дека ни останува уште многу работа, за тоа сме свесни, но јас често велам со напорна работа нема недостижна цел. И затоа сум уверен дека членството во Евтопската унија до 2030 е амбициозна, но остварлива цел. На Северна Македонија и е потребна интеграција, а не изолација каква што гледавме во минатото. Патото до ЕУ не е лесен но мора да се изоди“, кажа Ковачевски.
Фон дер Лајен која посетат на Македонија, но и на регионот и е посветена на уверување на земјите дека Унијата едвај чека да ги види како полноправни членки во европскотот смејство за што Унијата е подготвена да издвои шест милијарди евра во идните години за да го забрза тој процес, но да и им даде поттик да ги завршат реформите, за тоа дали Унијата ќе успее да се реформира до 2030 за да биде подготвена за прием на нови членки, даде неодреден одговор.
„Работите навистина се менуваат на подобро, бидејќи тоа што го гледаме сега е вистинскиот момент во процесот на проширување. Ние сакаме Западен Балкан да стане дел од Еу и затоа вие мора да бидете подготвени и ние НАВИСТИНА, треба да бидеме подготвени. И многу е добро што сега се водат конкретни разговори во еу што треба да направиме за да бидеме подготвени, кои праша се отвораат и кои одговори треба да ги дадеме. Тоа не беше случај во претходниот мандат“, изјави Фон дер Лајен.
Претседателката на Европската комисија која посетат ја започна синоќа со средба со претседателот, Стево Пендаровски, а ја продолжи утрово со состанок со премиерот, денеска објасни дека нема средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, од во чии раце е засега одлуката дали до декември ќе има уставни измени, бидејќи таа вообиечно во државите кои ги посетува се среќава со престедатели и премиери.
На барањето на Мицкоски кое тој и го упати викендов да се тргне условот за Македонија за продолжување на процесот на преговори, одговорот на Фон дер Лајен денеска беше краток, дека уставните измени се неопходен чекор за земјава на патот кон Унијата.
Тамара Грнчароска
