Целните рации во изминатите два дена и засилените ракетни напади вечерва, се дел од израелската стратегија за подготовка на теренот, но малку е веројатно дека е тоа и почеток на најавуваната копнена инвазија, оценија вечерва во Топ тема воено-безбедносните аналитичари, Методи Хаџи Јанев и Благоја Марковски.
Велат, Израел е пресметлив, затоа што самата операција е ризична за израелската војска. Ефектот што сакаат да го постигнат, а се поголем е и притисокот за цивилните жртви на палестинска страна.
