Вести Економија Топ вести

Ново поскапување на цигарите, но и на витамините и антидепресивите

А со зголемување на акцизата за цигарите од утре ново поскапување за 5 денари по кутија, а со него Владата планира во буџетот да собере 13 милиони евра. Но со оглед на динамиката на зголемување на акцизата согласно законот кое ќе трае до 2030 година или во наредните 6 години ново поскапување за пушачите со уште 5 денари се очекува веќе на почетокот на новата година.

Но тоа не е единствениот производ кој поскапува… Денеска се очекува да биде објавена листата на производи на кои им се покачува ДДВто од 5 на 10 отсто, а на сила стапува во петок.

Од утре нови, повисоки цени се очекуваат и кај суплементите меѓу кои и кај витамините за трудници и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца.

По повисока цена ќе се продаваат и мултивитамини и други додатоци во исхрана како и препарати за вознемиреност или несоница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДУИ ќе протестира за заштита на Охридскиот рамковен договор

Kristina Kuzmanovski

Трамп го предупреди Иран дека САД се подготвуваат за нови напади откако изјави дека примирјето е завршено

Kristina Kuzmanovski

Трамп се закани: Готово е со Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе