Вести Македонија Најважни Свет

Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Грција- четворица загинати, десетици повредени во судар на грчки автомобил и автобус со српски туристи

Три лица загинаа рано утрово во грчката област Поликастро, во близина на македонско-грчката граница, во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале автобус со српски регистарски таблички и автомобил. Во несреќата се повредени и десетици патници во автобусот.

Најтешко повредениот патник почина во болница.

Несреќата се случила околу 6:30 часот во близина на граничниот премин Евзони. Според првичните информации на грчките и српските медиуми, автомобил со грчки регистрации влегол во спротивна лента по што се случил сударот.

Грчкото возило било целосно смачкано, а автобусот се обидел да го избегне, но не успеал. По сударот, возачот на автобусот избегнал дополнителен удар во столб покрај патот, но двокатниот автобус се превртел и удрил уште еден автомобил.

Тројцата загинати биле во автомобилот со грчки регистрации, а најтешко повреден е 4-от патник во тоа возило. Во болница подоцна почина.

Во автобусот имало 78 српски туристи, а 40-тина од нив се пожалиле на повреди. Дваесетина имале скршеници на рацете и нозете. Повредена е и жена од третото возило. Меѓу повредените има две деца стари 6 и 9 години.

Повредените се префрлени во болниците во Поликастро, Кукуш и Солун.

Шефот на српска превозничка групација тврди дека возачот на грчкиот автомобил заспал пред сударот.

Полицијата врши увид, а сообраќајот во близина на преминот Евзони-Богородица беше во прекин и се одвива со големи потешкотии и застои бидејќи автобусот е превртен на патот, а двата автомобили се излетани од коловозот. На патот има и остатоци од несреќата, скршено стакло, парчиња од возилата, а на фотографиите од местото се гледа и тркало кое целосно отпаднало од едно од возилата.

Местото на несреќата е веднаш по границата, каде има поширок пат, но не е автопат подделен со банкини.

На таа делница често поспорите возила се  движат на лентата за сопирање на крајот од патот за да им овозможат престигнување на  побрзите автомобили и е една од најбезбедните делници на патот на туристите кон Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе