Вести Македонија Најважни

Претседателката на Уставниот суд не се согласува со измените на КЗ

На иста свеченост, но со различни ставови за измените на Кривичниот законик. Премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, од одбележувањето на 8 Септември, со различни пораки за измената на ченовите на Законикот со кои се намалуваат казните и времето за застарување за делата злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување. Премиерот денеска опсежно пред новинарите ја правдаше потребата од измените со објаснување дека тие не биле меѓупартиски пазар за уставните измени или амнестија за актуелните високопрофилни случаи.

„Ако било некаков пазар, како што не било, тогаш и на друг начин ќе се одвивала целата постапка. Ова не значи никакво помилување и не значи никаква амнестија за никого. Тоа ви го кажа и претседателот на државата, Пендаровски, којшто е правник, професор по правни науки. Јас сум професор по економски науки и ако го прочитате законот тогаш ќе видите дека нема никакво помилување, ни никаква амнестија за никого, туку напротив има конкретизација на кривичните дела кој што некој ги направил“, рече Ковачевски. 

Претседателката пак на Уставиот суд со кратка судска оценка за измените.

„Како долгогодишен судија во Кривичниот суд секако дека не се согласувам со вакви измени на Кривен законик, особено на овие кривични дела. Меѓутоа во поглед на кривичните дела, на измените, јас би кажала и нешто сосема друго. Ако досега судиите има донесено пресуди по сите тие предмети, се сомневам дека ќе имаше вакви измени на Кривичниот законик. Секако дека ќе има застарување на поголем дел на овие предмети коишто се во Кривичниот суд. За колку предмети станува збор, за кои предмети, за кои обвинети, навистина сега не би можела да коментирам“, Добрила Кацарска, претседателката на Уставен суд.

Ковачевски во своето објаснување за ублажувањето на казните за делата поврзани со корупција и организиран криминал во неколку наврати се повика на мерката конфискација.

„Промените коишто беа изгласани во Собранието, а предложени од владата, во однос на Кривичниот законик, е усогласување со ЕУ директивата 42/2014 во која што се предвидува проширена конфискација во дела коишто се казниви согласно со Кривичниот законик. И мора конечно правдата да биде врз основа на брзи, ефикасни, ефективни постапки со проширена конфискација на она што некој го стекнал во текот на извршување на одредени незаконски дејанија“, вели Ковачевски.

Кацарска пак не смета дека конфискацијата не треба да се поистоветува со висината на казните, а особено што криминалците многу вешто ги кријат нелегално стекнатиот имот.

„Не можеда имаме ние само благи казни. А конфискацијата дали ќе успееме ние да ја спроведеме или не, затоашто оние што прават криминал се многу интелегентни во тој дел, многу итро успеваат да го сокријат имото. И не може да поистоветуваме висина на казни, конфискација и друго“, вели Кацарска.

Престедателката на Уставниот суд пак е фрапирана од бризината на носењето измените на Кривичниот законик во Собранието, без никаквна опструкција дури ни од опозицијата, додека повеќе од две години, како што вели, истите пратеници не можат да изберат судии на Уставниот суд, за судот конечно да се комплетира. Кацарска притоа со констатација дека кога нешто им одговара на политичарите тогаш може без проблем да се донесе, а кога не им одговара се прават опструкции и се блокира државата.

Она пак за што Ковачевски и Кацарска денеска беа на иста линија, откако се разидоа околу измените на Кривичниот законик, беше честиката за 8 Септември

„Среќен празник!“, ги поздрави Ковачевски вработените и новинарите во ГОБ „8 Септември“.

„Нека е вечна нашата убава таковина Република Северна Македонија“, гласеше честитката на претседателката на Уставниот суд од прославата на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе