Вести Најважни Свет

(видео)Тројца загинати, двајца Австријци исчезнати во невремето во Грција, на Евија водено торнадо

Грчките медиуми јавуваат за тројца загинати во невремето Даниел кое погоди неколку области во државата. Двајца млади од Австрија се прогласени за исчезнати откако местото каде биле сместени во регионот Пелион настрадало во невремето.

Волос, Пелион, Скијатос, северна Евија, Кардик, Фтиотида и Атина се погодени од силни бури. На социјалните мрежи се појави видео снимка на која гледа водено торнадо на островот Евија.

Во Волос има грмотевици и обилни врежи на дожд. Делови од градот беа без струја повеќе од 30 часа, што предизвика и прекин на дотокот на вода, па градоначалникот ги повика жителите кои можат да стигнат до општинската зграда да дојдат по флаширана вода. Приморскиот дел од градот е во урнатини.

Во меѓувреме, северен и јужен Пелион се одсечени од градот Волос, додека пристапот до селата е отежнат поради лизгање на земјиштето и паднатите дрвја.

Во Ламија главните патишта се претворија во реки, кои со себе влечкаа камења и отпадоци, што го оневозможи движењето на авотмобилите. Штетите на земјоделските површини се непроценливи, пишува Кaтимерини.

Според Национална метеоролошка служба силниот дожд ќе продолжи и денеска во Тесалија, Евија и делови на централна и источна Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе