Претседателот на држвата, Стево Пендаровски го потпиша Указот со измените на Кривичниот законик кои вчера беа донесени експресно од страна на пратениците, а со кои се намалуваат казните и годините на застарување на делата злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување.
Со тоа шефот на државата не ги прифати аргументите на групите и платформите за борба против корупцијата и реформа на правосудството, кои утрово од него побараа да не го потпишува Указот, со образложение оти со измените ќе застарат многу високопрофилни судски случи, ќе се намали превентивната функција на системот на кривична правда, ќе се намали довербата дека борбата против корупцијата е можна, но и аргументот дека ваквите измени на Кривичниот законик не се според европските регуалтиви и директиви.
Во објаснувањето од страна пак Кабинетот на претседателот за неговата одлука да го стави потпис на измените меѓу другото стои дека со нив не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата.
„Напротив, казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што со овие измени акцентот е ставен и на т.н. проширена конфискација на имот. Во тој дел, измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.
Притоа Пендаровски очекува мерката проширена конфискација на имот да не остане само на хартија како што е досега, туку многу почесто да биде применувана во пракса.
Од организациите пак кои се занимаваат со реформа на правосудството и борба против корупцијата сметаат дека најголем удар од измените на Кривичниот законик освен застарувањето на случаи од висок профил, последици ќе има и од начинот на кој тоа се прави и ефектот кој застарувањето ќе го има.
„Имаат пошироки последици по уверувањето на граѓаните дека борбата против корупцијата и борбата против организираниот криминал е можна во ефективна смисла и тоа ќе ги демотивира граѓаните да учествуваат во неа, во најмала рака дас пријавуваат корупција и генерално да се активираат“, вели Миша Поповиќ од Институт за демократија.
За европското знаменце под чија капа измените на двата члена на Кривичниот законик ескпресно поминаа за само неколку часа од Комисијата за европски прашања до пленарна седница и без изгласани, Поповиќ со став дека не е јасно со кои европски регулативи и директиви тоа е направено.
„Тоа не е баш најјасно. Тоа што го знаеме е дека Министерството за правда за овие два члена не с еповикува на усогласување со европските директиви и регуалтиви. За останатите измени на Кривичниот законик има јасна референца што се усогласуваме. За двата члена поврзани со злоупотреба на службена должност такво нешто не ејасно во материјалите коишто ги имаа пратениците кога ја донесоа одлуката“, вели Поповиќ.
Дополнително тој е со став дека Собранието имало должност да овозможи јавна расправа за промени на Кривичниот законик, особено за промените на казните за делотот злоупотреба на службена положба.
Токму начинот на носење на измените на Законот, без јавна дебата и анализа на последиците што ќе ги предизвика ваквото законско решение, за Државната комисија за спречување на корупција сериозно се загрозува правната сигурност во државата.
„Сето тоа за нас создава сомнеж и висок ризик за политички пазарења и трговија со влијание“, изјави Билјана Ивановска, Државна комисија за спречување на корупцијата.
За Антикорупционерите притоа загрижувачки е ваквиот начин на несување на законот, со оглед дека Министерството за правда побарало од Комисијата да достави мислење по предлог–законот за изменување и дополнување на Кривичниот законок, со рок за произнесување до 20 септември годинава.
„Намалувањето на киазните во 353 и 353-в, и 359 за злосторничко здружување сметаме дека тоа не придонесува кон зајакнување на борбата против корупцијата, напротив таа и понатаму останува декларативна. И уште повеќе, еве да кажам за јавноста, дека Министерството за правда до нас достави барање за мислење да се произнесеме по нацрт верзија на Кривичниот законик, со рок до 20 септември. Ова е сега нешто ново, преку ноќ“, изјави Билјана Ивановска, Државна комисија за спречување на корупцијата.
Од работната група која работи на изготвување на целосно нов Кривичен законик велат дека ваков предлог за намалување на казните и застарувањето не предметите за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување не излегло од нивните редови. Владо Камбовски, претседател на работната група за Телма вели дека овие поединечни предлози не се на работната група, ниту поминале пред членовите на групата, која веќе три години работи на измените.
Тамара Грнчароска