Откако три дена, во попладневните часови, стоеа пред зградата на Обвинителството барајќи одговори и одговорност за скандалот на Клиниката за Онкологија, денеска тројца пациенти од Онкологија влегоа внатре и повеќе од еден час разговараа со двајцата обвинители кои ја водат предистрагата.
Бараат итност во истрагата бидејќи како што велат онколошките пациенти немаат многу време и ги повикаа сите кои имаат било какви сомневања и информации да одат во Обвиниелството или пак да контактираат со нив.
Средбите и соработката нема да запрат тука, а денеска тие им ја испорачаа листата со прецизни барања и прашања.
„Бараме одговорност и вистина. Да се направат детални испитувања и длабински да се прочешлаат историите, како и број на истории кои се чешлаат. Прашаваме дали е веќе формирана комисијата која ќе им помага на обвинителите во анализата на документацијата и кои профили на доктори се во составот. Листа на лекови, дали е венмска или таблетарна терапија. Колку години наназад се случува ова. Имаме барање по случаен избор да се изберат онколошки пациенти кои ќе имаат континуиран увид во истрагата иќе сведочат за нејзината веродостојност. Сакаме во истрагата да бидат вкјлучени претставници на сите партии за да не се звашри со зборот политика“, вели Анжелика Колева, пациент на Онкологија
Она што е клучно е дека тие на обвинителите им дале насоки за дополнителни лекови за кои сметаат дека треба да се испитува и добиле уверување дека доколку има потреба ќе биде назначен и трет обвиниутел да работи во предистрагата.
„Ние денеска потенциравме и посочиве на неколку типа на лекови кои ни беа посочени од онколошки пациенти. И оваа истрага ќе се ѓири на секој нареден лек кза кој сметаме или имаме сознанија од пациенти дека се сомневаат дека нешто е направено со тој лек. Апелот ми е до сите. Не само до оние кои се на терапија туку и оние кои завшриле со терапијата и оние кои ги загубиле најблиските да истапат напред за да знае Обвинителството и да му помогнеме да се движи во точна насока“, изјави Ана Марјановиќ, пациент на Онкологија.
Вечерва но и во наредните денови тие повторно ќе бидат пред зградата на Обвинителството за да потсетат дека чекаат одговори и одговорност.
„Протестите продолжуваат меѓутоа се оградуваме од секаков говор на омраза, политизирање или партизирање. За жал ракот навистина добива на замав и треба да се фокусираме пациентите да добијат подобар третман а креаторите на политики да искреираат подобри политики а партиите да се држат по страна од ова“, кажа Вања Мицевска,пациент на Онкологија
Уверувањата на министерот Меџити и директорката на Онкологија Клисарова дека од ноември минатата година нема манипулации со терапијата за тешкоболните пециенти, едноставно не е доволно за нив
По речиси една недела од претрестите на Онкологија и заплената на компјутери и документација од Обвинителството нема никакви информации за тоа дали, кој и кога манипулирал со терапијата на тешко болните пациенти и потоа ја препродавал на црниот пазар.
Огнен Чанчаревиќ
