Собранието попладнево ја продолжи расправата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, во второ и трето читање.
Прв за збор се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, оценувајќи дека овој закон е олицетворение на хипокризијата на власта. Стојановски забележа дека на Парламентот му е приоритет да зборува за Кривичниот законик, наместо за она што се случува на Онкологија.
За Гордана Силјановска Давкова е нејсно како може Кривичен законик да се смени за неколку часа.
-Денеска бев сведок на јавно убиство на правото и правдата во Комисијата за антиевропски прашања, истакна Силјановска Давкова. Ова е јавно убиство на правото и правдата во комисијата за антиевропски закони. Ние сме држава со најспора правда има најбрза постапка за менување на закони. Според Давкова, се работи за проектирана амнестија. „Ова е непознат европски феномен. Се срамам што предавам право, не сум сонувала дека за 3 саата може да се донесе закон. Побрзи од ветер сте во заштита на криминалот и корупцијата“
И реплицираше независниот пратеник Панчо Минов, кој појасни за членот 32, кој се однесува за злоупотреба на службени овластувања.
- Тој нема конкретно предмет на доказност и често се користи за пресметка со неистомисленици. Измената носи поголема тежина на квалификацијата бидејќи се утврдува намерата за злоупотреба, рече Минов.