Вести Македонија Најважни

Трето и шестооделенците без учебници ќе седнат во училишните клупи

Утре започнува новата учебна година без учебниците за трето и шесто одделение. Министерот за образование Шаќири потврди дека ги нема сите неопходни материјали, но не се чуствува одговорен за тоа. Учебниците за третооделенците се во фаза на печатење и наредниве неколку дена се очекува да бидат диструбирани во училиштата. Учебниците за шестооделенците се во фаза на одобрување од Националната комисија. Потоа ќе следи жалбена постапка, па дури потоа нивно печатење. Министерот Шаќири како и секогаш уверено кажа дека до крајот на Септември учебниците ќе бидат во училиштата и тврди дека се што било во негова надлежност веќе е направено. Одговорноста ја префрла врз останатите надлежни во процесот.

На иста линија со министерот Шаќири е и премиерот Димитар Ковачевски. Тој пак е убеден дека годинава проблемите ќе бидат помали од претходната.

Министерот Шаќири ден пред стартот на школската година потврди и дека во шесто одделение по предметот историја и оштество ќе се изучува историја, географија и граѓанско образование, но кажа дека тоа нема да влијае негативно врз работата на наставниците.

Од утре новата учебна година стартува со низа промени, но и лански проблеми. Различно времетраење на учебната година, воведување пролетен распуст, ветување за повисоки плати за наставници, нови безбедносни мерки за училиштата, повеќе образовни асистенти и нов електронски дневник. Од годинава ќе има и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај, а учебната година ќе заврши на 17 јуни.

Изминатата учебна година заврши без дел од учебниците, а министерот постојано ветуваше дека следниот месец ќе пристигнат.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на Гоце Делчев

Дејан Дејан

Тројца грабнале скопјанец го тепале и уценувале, меѓу нив и еден полицаец

Дејан Дејан

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе