Вести Македонија

Собранието води неквалитетни дебати

Ако Собранието беше студент, ќе паднеше на испитот по „квалитет на дебата“. Според „професорот“ Институт за демократија, за првото полугодие од оваа година, на скалата од 1 до 10, оценката е непроодна  5,5, или описно – ниско ниво на квалитет на дебата со простор за значително подобрување. Анализирани се точките на дневен ред од областите: владеење на правото, човекови права и демократија.

Речиси половина од говорниците – 49 одсто немале аргументи во своите излагања,  44 одсто имале слабо аргументирање, 7 одсто користеле само еден аргумент, 0,4 одсто или во дискусиите на осуммина пратеници се користени 2 аргументи, а само 0,1 одсто користеле повеќе од 2 аргументи. Ако се погледнат графиконите според политичката припадност, власта и опозицијата се речиси изедначени. 53 одсто дискусии и на власта и на опозицијата немаат ниту еден аргумент, а слаба аргументација изнеле 44 одсто од власта и 42 одсто од опозицијата. Пратениците се покажаа и незаинтересирани за аргументацијата на другата политичка страна: мнозинството оддало признание во 3 одсто дискусии, а опозицијата во само 2 одсто.

Според бројот на дискусии, односот е несразмерен – опозицијата учествува со 76 одсто а власта со 24. Соодветно на тоа, шампион во јавување за збор е Здравко Трајанов со дури 85 пати.

Институтот за демократија констатира мало влошување на квалитетот на дебата во однос на претходното шестмесечие и сугерира: зголемување на информираноста на пратениците и на нивното знаење за темите, минимално користење на скратената постапка и на европското знаменце, како и воведување календар на седници – за да може пратениците соодветно да се подготват за секоја точка.

Соња Николовска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ќе прави обрач со канали за крокодили околу затворско крило со припадници на Хамас долги 170 метри

Sasko Dimovski

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе