Вести Македонија Најважни

Правда на 16 август влегла во Управен да го провери „АКМИС -от“

Комисија формирана од министерството за правда на 16 август правеле увид во Автоматскиот компјутерски систем за управување со судските предмети во Управниот суд. Надзорот од правда во Управен следува по анонимната кривчна пријава против претседателот Бурим Сејдинии дека наместо автоматски преку АКМИС системот, рачно местел предмети на конкрети судии  и дека довел до застарување 190 предмети . Што открила комисијата? Од правда најавуваат наскоро и конечен извештај

– Комисијата побара дополнително да и се достават  информации за рачно распределени предмети, предмети за исклучување и вклучување на судии во прераспределба како и за изземање на судии во прераспределбата. Откако ќе се добијат предметите ќе се состави записник кој ќе се достави до претседателот на Управниот суд по кој треба да се произјасни, односно да ги прифати или отфрли забелешките кои се наведени, велат од правда.

Судски совет уште во април испратил комисија во Управен но извештајот од таму се уште не е објавен. По анониманата кривична за злоупотреби со акмисот предмети за Управен отворија и во Финансиска полиција и во Антикорупциска, а претседателот на судот Бурим Сејдини на прес конференција негираше рачна распределба на предмети и застарување на предмети.

Но периодов главна тема за јавна препирка мегу надлежните институции е акмисот во кумановскиот суд и неговата ве де претседателка. Министерот Лога речиси секојдневно го прозива судскиот Совет преку соопштенија.

Денеска од правда објавија дека Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС извршила увид во четири основни судови во Куманово, Берово, Крушево, Кратово и констатирала низа забелешки што сметаат дека е пропуст на Судскиот совет.

Комисијата утврдила дека нецелосно се почитува законот при исклучување и вклучување на акмисот и при изземањето на судиите, дека нема доволен број судии и информатичари особено во помалите судови, предмети наместо во соодветен простор се архивираат во подруми, нефункционално тонско снимање.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе