Вести Македонија Најважни

Нови пораки за можното проширување – ЕУ да си постави временска рамка за да се подготви за нови членки – Мишел го реафирмираше ставот

Европската унија мора да си постави временска рамка за новото проширување, бидејќи ако не биде поставена таа цел, ЕУ нема никогаш да биде подготвена за прием на нови членки, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На тој начин изговорите веќе нема да бидат можни од ниту една страна. Едно е јасно, ако не си поставиме цел, никогаш нема да бидеме подготвени, изјави Мишел.

Според него, одредувањето на конкретен датум за проширувањето ќе ја охрабри ЕУ да се подготви за овој процес, а на земјите од Западниот Балкан им дава специфична временска рамка за исполнување на нивните обврски.

На иста линија е и првиот човек на европската дипломатија. Жозеп Борел на прес-конференцијата по завршувањето на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата во шпанскиот град Толедо изјави дека поставувањето на временска рамка за проширувањето, може да ја мобилизра енергијата на ЕУ и на земјите кандидатите за членство.

Украина ќе стане членка на ЕУ, а исто и Западниот Балкан. Но, поставувањето на временска рамка, може да ја мобилизира нашата енергијата и енергијата на земјите кандидатите за членство.

Тој сепак нагласи дека проширувањето на ЕУ е процес што се базира на исполнување на критериуми, ное на тој процес мора да му се даде и политички поттик. Според Борел, Унијата мора сама да се подготви за процесот на прием на нови членки.

Охрабрувачка е пораката од Советот и за еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Добредојдена веста што Европскиот совет сака да се вклучи и да направи голем скок да се случи проширувањето, напиша Вархеји на Твитер.

На прашање кои земји први би можеле да влезат во ЕУ односно кои според него се најблиску до тоа, Вархеји одговори дека тоа се земјите кои први ќе испорачаат, но останува волјата да се испорача од двете страни.

Вархеји потсети дека Комисијата е подготвена да даде каков било предлог за да се случи проширувањето, што ќе се види веќе во октомври кога ќе се дадат и суштински предлози вклучувајќи го и Планот за раст на економиите.

Кон крајот на следниот месец, претседавањето со ЕУ го презема Шпанија за кога е најавен  заеднички состанок на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата со нивните колеги од земејите од Западниот Балкан.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување 

Дејан Дејан

Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Дејан Дејан

(видео)Запален Куранот и палестинското знаме во Малме, каде се одржува Изборот на песна за Евровизија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе