Вести Македонија Најважни

Тринаесет деца од 0 до 2 години од градинка во Центар заразени со салмонела – не се знае потеклото на заразата

Тринаесет деца од нула до две години имаат наод на салмонела, се чекаат уште резултати. Детската градинка „Корчагин“ во Центар деновиве е под строг надзор и со посебни мерки.

Здравствени работници од Центарот за јавно здравје направиле увид и земале микробиолошки примероци.

Децата се со потврден наод, а негувателите биле негативни. Тестовите ќе покажат дали некој од кујнскиот персонал е заразен.

Санитарни инспектори веќе ја посетиле градинката и издадени се повеќе мерки.

„По нивното известување, од страна на ДСЗИ е извршен вонреден инспекциски надзор и се издаде решение во кое се наредува на објектот „Пепелашка“ и на објектот „Пинокио“ да се изврши комплетно механичко чистење на спортската сала, на кујната, на занималните. Прием во градинката на деца со позитивен наод на салмонела да се изврши со документ, со два последователни негативни резултати и во консултација со доктор како и да се изврши вонреден здравствено-хигиенски преглед на вработените во кујните“ вели Рената Младеновска, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Иако од страна на ЦЈЗ-Скопје веќе е направен увид, ниту една од насоките до менаџментот не гласи да се повикаат и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, брифираат од градинката.

До АХВ не пристигнала ниту претставка.

„До овој момент немаме добиено официјално известување преку епидемиолошките служби на Центарот за јавно здравје за сомнеж за наводно труење со храна на 13 деца од детската градинка Корчагин, клон „Пинокио“ во Скопје. До Агенцијата за храна и ветеринарство и одделението за заштита на потрошувачи, не е поднесена ниту претставка од граѓани за ваков случај“ велат во одговор за Телма од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Првиот случај е регистриран пред една недела. Потоа се појавиле и другите случаи. Симптомите присутни кај децата биле дијареја и покачена телесна температура.

Но, засега не е констатирано од каде е потеклото на заразата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарија одобри американски авиони танкери на своја територија за операции на Блискиот Исток – Техеран веднаш ја предупреди Софија

Sasko Dimovski

Израел ќе прави обрач со канали за крокодили околу затворско крило со припадници на Хамас долги 170 метри

Sasko Dimovski

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе