Вести Најважни Свет

Продолжува борбата за гаснење на пожарот во Еврос, изгорени над 81.000 хектари

Веќе 12 дена активен е пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, а грчките пожарникари заедно со нивните колеги од девет земји продолжуваат со напорите за целосно ставање под контрола на огнената стихија во кој досега изгорела површина од над 81.000 хектари.

Вчера имаше ново разгорување на едно од активните жаришта поради што беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација на жителите на едно село.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА во гаснење на пожарот интервенираат 475 пожарникари со 100 возила, 16 пешадиски тима, 11 авиони и седум хеликоптери.

Во борбата со огнените јазици помагаат противпожарни сили од Кипар, Германија, Бугарија, Србија, Франција, Чешка, Романија, Словачка и Албанија.

Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео утрово објавија нови сателитските снимки од опожарените области, снимени од Службата за брзо мапирање Коперник на Европската комисија, од „најголемиот шумски пожар во последните многу години на европско тло“.

Вкупната површина изгорена од шумскиот пожар кај Еврос, заклучно со вчера напладне е 81.260 хектари, од кои околу 65.000 хектари изгореле за само три дена, во период од 21 до 23 август.

Коперник преку Твитер, вчера соопшти дека изгорената површина е поголема од Њујорк, додека пак според Европската комисија, пожарот во областа Еврос е најголемиот во ЕУ од 2000 година.

Пожарот избувна на 19 август, поради силниот ветер брзо се прошири, а гори веќе 12-ти ден.

Пожарот го зафати и Националниот парк Дадиа-Лефкими-Суфли, заштитениот регион Натура 2000 со борови и дабови шуми каде што коегзистираат голем број видови флора и фауна и е дом е на три од вкупно четири европски видови мршојадци и е едно од ретките засолништа за 36 различни видови загрозени грабливци.

За обнова на шумите како во Еврос така и на планината Парнита во близина на Атина, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера одржа состанок со раководствата на Министерствата за животна средина и енергија и за климатска криза и цивилна заштита, и беше одлучено да се преземат итни мерки како што се пошумување, грижа за преживеаните животни и поставување бариери за заштита од поплави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе