Вести Македонија

Приведен полицискиот командир кој пукаше со калашников на веселба

Командирот на полициското одделение Ропотово кој пукаше со калашникот за време на семејна прослава, денеска бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Денеска (27.08.2023) од страна на полициски службеници ОВР Прилеп е лишен од слобода и задржан во ПС ОН Прилеп Е.Р. (30) од с.Дебреште, командир на ПО Ропотово, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ односно поради основи на сомнение дека на 19.08.2023 на свадба кај негови роднини во семејна куќа во с.Дебреште пукал од огнено оружје. ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во соопштението.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка.

ВИДЕО: Полициски командир пука со калашњиков на веселба под турско знаме, МВР го истражува случајот, а опозицијата обвинува за „дивјаштво“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Дејан Дејан

Кина: Обидите за воспоставување независност на Тајван се осудени на неуспех

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе