Вести Македонија

Ново знаме на Голема Албанија се развеа зад Касами

Билал Касами баш знае да избере позадина за својата изјава. Втор пат за две недели, зад него се вее знаме на Голема Албанија. И повторно, тој не е организатор на оваа нова провокација. Смета дека властите не треба да ги провоцираат граѓаните оти ќе добијат соодветен одговор.

-Тоа е реакција на граѓаните поради односот на власта кон нив. Ова нема врска со општината и со нашата организација. Тоа што има врска со нас е промовирањето на овој пат, како што немаше врска поканата за мене и за општината во делот на организацијата на настанот во Тетово, изјави градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

Овој пат, Касами и неговите соработници промовираа инфраструктурен настан – асфалтирање на улицата 108. Прекршочните пријави за собирот во чест на косовскиот премиер Курти ги смета за пребрза реакција на полициските и судските власти но и за политичка порака кон него.

-За жал, многу брзо правните институции, полицијата, Јавното обивнителство и судовите преземаа мерки. Доколку овие институции беа така агилни и во други ситуации, кога изгореа луѓе, кога изгинаа, кога луѓе лежат во затвори во монтирани случаи, какви што има неколку, сигурно дека не би имале време да се занимаваат со вакви ситуации, рече Касами.

Касами доби пријава за неинтонирање на државната химна и за неистакнување на државното знаме на 11 август. `Се уште се трага по лицето кое го вееше знамето на Голема Албанија на собирот во Тетово. Инцидентот го вознемири целиот регион. Владата го осуди, а гласните реакции на политичарите од соседните земји беа протолкувани како обид за вовлекување на Македонија во спорот меѓу Србија и Косово.

Соња Николовска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен судија фатен со 10.000 евра

Дејан Дејан

Зоран Јовановски: Запалениот автомобил е порака од криминалците

Дејан Дејан

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе