Вести Македонија Топ вести

Колата од која е пукано кон Штекли во „Ист гејт“ е пронајдена запалена кај Грчец

Колата која ја користеле двете лица кои попладнево пукале Раде Трајковски Штекли во гаражите на „Ист гејт“, е пронајдена запалена кај езерото Треска во близина на Грчец, дознава Телма од извори на истрагата.

„На 25.08.2023 околу 15:50 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија во септември во 2021 година и одлежа шестмесечна затворска казн, но не беше опфатен со истрагата за убиството.

Повеќе на Вестите на Телма во 18:30 и 21:30.

Пукано во Раде Трајковски Штекли во гаражата на Ист гејт мол?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе