Вести Македонија Најважни

Нема да може да смени мотор на автомобил – анонимна претставка до ДПИ за дискриминација на дете со џуџест раст во Битола

Државниот просветен инспекторат (ДПИ) ќе ги проверува наводите од анонимната претставка испратена до оваа установа и до медиумите, дека раководството на Техничкото училиште во Битола му вратило документи на дете со ретка болест кое се запиша во прва година во насоката техничар за моторни возила. Од ДПИ за Телма потврдија дека ќе бидат испратени инспектори да извршат надзор во училиштето, по анонимната претставка во која се наведува дека мајката е контактирана од раководството да дојде во училиштето и да си ги подигне документите

„Денеска во Техничкото училиште во Битола од страна на раководството на училиштето се случи класичен пример на дискриминација на штотуку запишан ученик во прва година. Се работи за дете со џуџест раст кое успешно се запишало во ова училиште во насоката техничар за моторни возила и денеска била повикана мајката да и ги вратат документите оти детето немало да може да „извади мотор“ од автомобил“, пишува во анонимната претставка. 

Но, раководството на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола целосно ги демантира ваквите наводи и обвинувања за дискриминација во анонимниот допис. Велат дека мајката била повикана за да ја информираат за начинот на изведување на наставата во училиштето и праксата во компаниите, за да биде заштитено нејзиното дете од ранлива категорија. Тврдат дека по разговорот мајката одлучила да ги подигне документите за што потпишала и изјава.

„На мајката, покрај за профилот машински техничар за моторни возила и беа кажани и условите во другите профили, како и специфичниот начин на реализација на практичната настава. Нашата цел беше да се заштити детето и да се превенираат евентуални несакани последици. Одлуката на мајката да ги подигне документите беше лична. Ако таа одлучеше и покрај тоа што и беше објаснет ризикот за здравјето на нејзиното дете, тоа да остане во ова училиште, ние ќе ја почитувавме таа одлука“, се наведува во дописот од Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола.  

Од средното Техничко училиште додаваат дека кај нив се почитуваат правата на децата и се спроведува инклузивна настава, а велат отворени се повторно да разговараат со родителот и подготвени се повторно да го запишат ова дете од ранлива категорија кај нив. Телма контактираше и со мајката на ученикот, но не сакаше да зборува за настанот за кој со анонимен допис се тврди дека дете со хендикеп е дискриминирано и испишано од Техничкото училиште, а раководството  тврди дека мајката сама ги повлекла документите.

Емилија Мисирлиевски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе