Вести Македонија Најважни

Македонија на линијата на огнот меѓу Србија и Косово

Со денови летаат искри од сите страни, а многу од нив паѓаат и врз Македонија која, посетата на Курти ја втурна среде препирките меѓу Србија и Косово, што некои српски политичари го искористија да ја критикуваат Македонија дека се меша во внатрешните работи на Србија. Српскиот претседател за ова понуди условено извинување.

Вучиќ тврди дека Ковачевски во Атина му упатил остри пораки на Курти, но од кабинетот на премиерот нема никаква официјална изјава или фотографија за ваква средба. На профилот на премиерот има само известување и фотографии за средбите со Зеленски, со црногорскиот премиер Мијатовиќ и со Вучиќ.

На нашето прашање, дали е точно тврдењето на Вучиќ, не одговорија конкретно, туку дека, предмет на дискусија на вчерашната неформална вечера бил стабилноста, просперитетот и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и дека владата се залага за добрососедски односи со сите свои соседи.

Изјавите на српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ дека признавањето на Косово ќе им се удри од глава на Македонија и на Црна Гора, дека е отворена пандорината кутија, а Голема Албанија е сон на кој работат сите политичари Албанци, предизвикаа остри пораки и од црногорскиот претседател и албанскиот премиер. Еди Рама напиша дека, заканите за стабилноста на Македонија и на Црна Гора се опасни и неприфатливи, а Милатовиќ дека се неприфатливи сите обиди за мешање на актери од регионот и остатокот од светот.

На изјавата на Вучевиќ реагираше и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, кој побара објаснување од српскиот министер за одбрана. Опозициските партии на Албанците во Македонија, пак, на чија покана Курти дојде во Тетово, не го осудија веењето на знамето на Голема Албанија, но остро реагираат на изјавите на премиерот и на српскиот претседател во Атина. Обвинија дека Вучиќ ја вклучил Македонија во „српскиот свет“, а премиерот Ковачевски докажал дека се потчинил на Србија.

За аналитичарите, сите овие случувања се сосема очекувани. Познавачите не се изненадени ни од реакциите на нашите политичари.

Аналитичарите и понатаму очекуваат вакви случувања, токму поради позицијата на Македонија која сака да ги задржи добрите односи со Белград, но ја има признаено сувереноста и територијалниот интегритет на Косово.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се празнува денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј

Дејан Дејан

Претпладне сончево, попладне нестабилно – Временска прогноза за 25.5.2024

Дејан Дејан

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе