Вести Македонија Најважни

Спасовски: Лицето што вееше знаме со карта на Голема Албанија не работи во МВР, сè уште го утврдуваме идентитетот

И натаму се собираат информации и се утврдува идентитетот на лицето кое вееше знаме со карта на т.н. Голема Албанија во Тетово при неодамнешната посета на косовскиот премиер Албин Курти на земјава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски повтори дека лицето не е вработено во Министерството за внатрешни работи (МВР), но оти правда ќе има и во случај да станува збор за странски државјанин.

„Човекот што го носеше знамето не е вработен во МВР. Кого би знаеле, ако не ги знаеме вработените во МВР? – Инспекторот или лицето кое се посочува, не е тоа лице. Ние објавивме фотографија, јавна објава и натаму утврдуваме кој би бил идентитетот на лицето. Имаше лица кои не беа дојдени од надвор на тие средби“, изјави Спасовски.

Ако лицето е странски државјанин, како што истакна, ќе се искористат сите правни механизни да биде изведено пред правосудните органи.

„Секако дека ќе дојде до правда, затоа што ако е странски државјанин постојат механизми преку распишување на потерници, објави, итн. и секако дека ќе ги искористиме сите правни механизми за да дојде до реализација на целиот овој случај и да биде изведен пред лицето на правдата“, изјави Спасовски.

Знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на концертот кој Општина Тетово го организираше на 12 август по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе