Вести Македонија Најважни

Спасовски ги смирува граѓаните – нема да има казни за оние кои нема навреме да си ги заменат личните исправи

Додека едни се мачат да ги добијат службите за да закажат термин за промена на лични документи, други смируваат казни нема да има. Телма во обиколка на полициските станици каде што се менуваат личните документи забележа нервозни граѓани. Пред камерата револтирани велат чекаат и по повеќе од два месеци за да ги променат пасошите, личните карти и возачките дозволи.

До 12-ти февруари 2024 година треба да се сменат сите лични документи со Република Македонија, поради одредбите на Преспанскиот договор. Граѓаните без променети документи со новото име ќе имаат проблеми и сo легитимирање и со остварување на своите права бидејќи МВР пред извесно време порача дека старите лични карти и пасоши со старото име нема да важат. Сега министерот Спасовски тврди дека нема да има казни и дека сите граѓани ќе може да ги ползуваат своите права без разлика на државното име на нивниот документ. Проблемот се редиците во управните служби и зафатените телефони, а министерот тврди дека ќе бидат решавани во од со дополнителни смени и работни саботи на шалтерите.

Се закажува во првите слободни термини, најважно е добиениот термин да се почитува. Нема да има никаков проблем со остварувањето на правата. Според сегашната динамика сметам дека успешно ќе биде завршена измената на документите. Во ниту еден случај нема да стане збор за казнување на граѓаните, изјави Оливер Спасовски министер за внатрешни работи.

Новото објаснување на Спасовски е различно од досегашните тврдења во јавноста за казни и забрани за преминување на граница со стари пасоши. Како ќе биде на крај ќе се знае дури на 13-ти февруари, а досега според министерот околу милион граѓани ги замениле документите без да прецизира дали станува збор за пасоши или комплети од сите документи со лична карта и возачка дозвола. Промена на пасош чини 2000 денари, нова лична карта е 320 денари, а возачката 410 денари. Или за 4-члено семејство со еден возач и две малолетни деца, замената на документи ќе чини над 9 илјади денари или околу 150 евра.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе