Вести Македонија Најважни

Ковачевски и лидерите од регионот на неформална вечера кај Мицотакис во Атина

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидер на земји од Западен Балкан и претставници на Европската Унија, денеска ќе учествува на неформална вечера во Атина, во организација на неговиот грчки колега, Кирјакос Мицотакис по повод 20-годишнината од Самитот ЕУ- Западен Балкан и „Декларацијата од Солун“.

Меѓу темите на неформалната вечера во Премиерската палта ќе биде и проширувањето на Унијата и европската иднина на регионот.

На вечерата ќе присуствува и косовскиот премиер, претседателите на Србија и на Црна Гора, претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, како и лидерите на земјите од регионот кои се членки на ЕУ, премиерите на Бугарија, Хрватска и Романија, додека, пак, Албанија била поканета на претседателско ниво, но нема да има претставник во Атина.

Во Грција, неофицијално се споменува дека можно е да присуствува и претседателот на Украина Володимир Зеленски, информација за која, веројатно од безбедносни причини, нема официјална потврда. Неформалната вечера е закажана за 19:15 часот по македонско време.

Денешната иницијативата на Мицотакис, како што брифираат грчки владини извори, ја означува водечката улога на Грција како столб на стабилноста, мирот и енергетската безбедност на Балканот и Југоисточна Европа.

Неформалната вечера за европската иднина на регионот има и симболичен карактер со оглед на тоа што на 21 јуни се навршија 20 години од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ- Западен Балкан што се одржа за време на грчкото претседателство со Унијата и која го отвори патот за европска интеграција на неколку земји од регион.

За Атина, 20-годишнината од Самитот во Солун и поканата на грчкиот премиер до лидерите од регионот е можност да се истакне дека Грција е на страната на Западен Балкан и како членка на европското семејство, но и како најголема економија во регионот и посакува европска интеграција на регионот, за која постојат и пред услови.

Во оваа насока се и досегашните изјави на грчкиот премиер, кој континуирано ја истакнува цврстата поддршка на Грција за ЕУ перспектива на регионот,  за која доста често официјална Атина потенцира дека станува уште поважна по руската инвазија на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе