Вести Македонија Најважни

Еден Деловник – две толкувања

Спикерот Талат Џафери и ВМРО ДПМНЕ влегоа во дуел – дали тој имаше право да ја затвори седницата за отварање на Уставот без гласање. Опозицијата тврди дека го прекршил Деловникот и бара завршување на процесот. Џафери објаснува дека тој има дискреционо право да каже кога ќе се гласа, како и многу пати до сега. Продолжение на седницата се уште не е закажано.

Кога ќе се гласа за предлогот за уставни измени? На одговор се чека веќе четврти ден. Надлежноста е во рацете на спикерот Талат Џафери, а тој посочи дека тоа е негово дискреционо право регулирано со Деловникот.

Времето за определување на почетокот на собраниската седница го оппределува претседателот на Собранието, тоа се дискрециони права на претседателот според Деловникот, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието на РСМакедонија.

 ВМРО ДПМНЕ го обвини спикерот Талат Џафери дека го крши Деловникот. Со одложувањето на чинот на гласање го применил членот 165  како да се работи за закон, а не за менување Устав.

Важно е во овој момент да ја завршиме оваа постапка, соодветно на Деловникот. Уставот е регулиран со посебна глава, Главата 10 по која се водеше претрес и не може да се злоупотребува членот 156, изјави Миле Лефков, ВМРО ДПМНЕ.

 Џафери објаснува дека постапката за гласање не е регулирана во делот кој утврдува  како се менува Уставот. Намерата за прекинување на седницата од „политичка природа“ им ја најавил на пратениците при последната координација.

Јас никаде не се повикав на член 165. И порано имало милион вакви ситуации и ако нема кворум гласањето дополнително се закажува, вели Талат Џафери.

 СДСМ не се откажува од намерата за менување на Уставот заради европската иднина  на земјата.

Проевропскиот блок на чело со СДСМ ќе направи се за да ја пробие оваа блокада, рече Мартин Костовски, СДСМ

 Расправата за Предлогот за уставни измени почна и заврши во петокот. Седницата беше прекината во присуство на речиси цела Влада и над 100 пратеници. Владата продолжува да бара поддршка, а премиерот Ковачевски синоќа во телевизиско интервју најави дека ќе си поднесе оставка во моментот кога Уставот ќе биде сменет, по што, може да се исполни барањето на ВМРО ДПМНЕ за предвремени избори.

 Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе