Вести Македонија Најважни

Одликувања, унапредувања, свечености – АРМ денеска го слави 31-от роденден

Армијата на Северна Македонија денеска одбележува 31 година од своето формирање. По тој повод, на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи свечена церемонија на која ќе присуствува државниот и армискиот врв.

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски за првпат ќе одликува 13 припадници на Армијата со медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територија на државата. Станува збор за признание кое за првпат ќе се додели во нашата држава.

Со медал за храброст ќе бидат одликувани 60 армиски припадници кои учествуваа во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција.

Исто така, ќе бидат соопштени Укази за унапедување во генералски чин, а од страна на министерката Петровска ќе се доделат чинови на унапредени старешини во чин полковник.

Како што е најавено, обраќања на настанот ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и премиерот Димитар Ковачевски.

На градските гробишта во Бутел во Скопје со воени почести ќе биде положено цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски. Цвеќе ќе положат делегации од Кабинетот на претседателот, од Собранието, Владата, Министерството за одбрана, Генералштабот, Сојузот на борци, Организацијата на резервни воени старешини, Град Скопје.

Армиска делегација ќе положи венец со цвеќе на спомен одбележјето на Славеј Планина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе