Вести Македонија Најважни

Арберија дизајн ангажирана за организирање на прославата на „Скендербег“

Над 100.000 евра на контото на фирмата Арберија дизајн за денешната прослава за Рамковниот договор и предавањата на Школа за млади лидери одржана во Маврово. Комбињата на тетовската фирма паркирани на плоштадот Скендербег ја најавија вечерашната прослава за рамковниот договор .Оваа година на прославата ќе пеат само албански изведувачи, што за голем дел од јавноста и аналитичарите е оквалификувано како партиско самоволие на ДУИ.

Партиско самоволие и поништување на институциите во државата- вака ја коментираат експертите денешната прослава за Рамковниот договор.

„Партиско самоволие бидејќи ДУИ постојано го слави рамковниот договор со државни пари и на тој рамковен договор присуствуваат пред се поранешни политичари од т.н. етнички македонски блок, а никогаш по рамковниот договор државно кај нас не се славел бидејќи во менталитетот на да речам нашето колективно помнење рамковниот договор огромен дел од етничките македонци не е договор со кој се слави да речеме нешто добро за Македонија, односно многумина од етничките македонци тоа го сфаќаат и како пораз и капитулација на македонската држава и затоа ДУИ секогаш го приватизирала на еден начин рамковниот договор и тоа секогаш било славено за нивни партиски цели и како партија произлезена од воениот конфликт и партија која е најзаслужна да речам за тој рамковен договор, имплементација бидејќи ДУИ е вечно владејачка партија на одредбите од рамковниот договор, но секогаш тоа било во доменот на партиското самоволие на ДУИ без да се прави да речеме државен настан што прави одлика затоа што рамковниот договор за огромен број од етничките македонци не е нешто што треба да се слави“, вели за Телма Благојче Атанасоски аналитичар.

Фирмата „Арбериа дизајн“ стана позната во јавноста како еден од најголемите добавувачи на Министерството за образование, пред сè, во печатењето учебници, свидетелства и друг училиштен материјал. Телма го регистрираше возилото на Арберија дизајн и на стартот на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д, а за кое  Владата одбиваше да каже во каква постапка и за колку пари е ангажирана тетеовската фирма.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе