Вести Македонија Најважни

Преименувањето на улицата во Чаир во Адем Демаќи наиде на осуда кај партиите и историчарите

Улицата Втора македонска ударна бригада која е синоним за антифашистичка борба и формирање на македонската држава од вчера стана – Адем Демаќи косовски борец, кој за историчарите нема никаква поврзаност со Македонија. Освен што студирал во Скопје, немал никаков друг допринес за градот и државата.

Воопшто не е во ред да се укинуваат антифашистичките основи, Владата и надлежните институции да превземат соодветни чекори, ако треба да се смени и законот кој им дава такви ингеренции на општините, вели историчарот Александар Литовски.

За Скопје непознат, а за косовските идеали на Демаќи зборуваше Курти, кој ја имаше честа, на покана на Ганиу да го означи преименувањето. Дали Огнените, од чии редови е чаирскиот градоначалник, и со овој потег се додворуваа на албанското гласачко тело. Дилеми, но и осуда преку низа рекции во јавноста. Не изостанаа ниту политичките. Додека историчарите бараат државата да им ги одземе ингеренциите на општините за преименување на улици, Градоначалникот на Куманово преку својот Фејсбук-профил побара одговор, дали ова ја отсликува заедничката борба за “Едно општество за сите”.

Како се чувствувате денеска кога спомените на нашите паднати дедовци и баби, партизани, антифашисти од НОБ (од сите народи и народности од Македонија во тоа време) СЕ БРИШАТ и менуваат со имиња на борци за национални каузи? Вие втор ден молчите а молкот во овој случај е повеќе и од срам, вели Максим Димитриевски.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пак и овој пт влегоа во партиски реваншизм. Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека Адем Демаќи немал никаква поврзаност со Скопје и ја обвинија СДСМ з ауништување на македонската историја.

Вчера во Скопје без никакви македонски обележја и со голема помпезност и во присуство на премиер од друга држава, беше преименета улицата Втора Македонска ударна бригада во име на косовски борец Адем Демаќи. Улицата го добива името на Демаќи, кој нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, ниту пак со Скопје, туку имал националистички идеали поврзани со други држави, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак им порачаа за настаните во Скопје и Тетово одговорите да ги бараат кај нивниот пртиски претседал, Мицковски.

Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа, одговорија од СДСМ.

 Ова не е единствената улица во општина Чаир која добива ново име и за која се организира прослава. Улицата 191 го доби името Сул Хотла, улицата Славеј Планина стана Ибрахим Ругова, Благоја Паровиќ беше преименувана во Исмаил Ќемали. Во 2021 година беше донесена одлуката за промена на имињата на 493 улици, плоштади и мостови во Скопје.

 

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе