Вести Македонија Најважни

Заинтересирани купци ги гледале, до 25- ти ќе се знае дали некој ќе плати најмалку 100,000 евра за елитните станови на Сашо Мијалков во Охрид

25 август во 11 часот и 15 минути ќе одѕвони крајот до кога заинтересраните граѓани ќе можат да лицитираат за еден од луксузните станови на поранешнито директор на УБК, Сашо Мијалков.

Мијалков го даде на државата како дел од 30 милиони вредниот пакет, готовина, станови и плацеви во замена за 3 годишна казна во предметот за перење пари, „Империја“.

Аганецијата за урпавување со одземен имот дозволи, а за станвоите веќе има заитнресирани купци кои дошле, разгледале, но дополнително ќе се знае дали ќе испорачаат официјална понуда за некои од апартманите.

Апартманите се сместени во елитниот комплекс на една од плажите Горица, во која работи и кафе барот „Егоист“ на Зоран Милевски Кичеец близок до Мијалков и бизнисменот Орце Камчев.

Едниот стан од 65 метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.7  милиони денари, а другиот во истата зграда од 114 метри квадратни проценет на 150 илајди евра.

Во овој обид освен становите, агенцијата продава и земјиште од 56 илјади метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје, одземени во предметот „Бачила“ и мал плац на Мијалков кај местото Џибарица на Кожуф од 321.

– Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба, гласи еден од условите во огласот објавен од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

Претходно, во јули годинава на аукција на берза беа ставени запленети акции на Мијалков. Но и по 15 дена огласот заврши неуспешно бидејќи никој не достави понуда за акциите на Мијалков во неколку акциеорнски друштва.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис за одлуката на Сиљановска Давкова да не го користи уставното име: нелегална, недозволива и провокативна

Дејан Дејан

МНР повикува на внимателност од страна на сите политички чинители- почитување на Уставните одредби, како и Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Величковски: Правникот знае дека преземањето должност во непостоечка држава “Македонија” значи “преземање” на непостоечка должност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе