Вести Најважни Свет

Бројот на жртви во уништувачките пожари на Хаваи порасна на 53, но се очекува да биде многу поголем

Пребарувањата по уништувачките шумските пожари на хавајскиот остров Мауи открија пустелија од избришани населби и знаменитости, јагленосани, непрепознатливи. Според досегашните официјални информации на властите бројот на загинати се искачи на најмалку 53 лица, но тој број не е конечен и се очекува да расте и да биде многу поголем. Оние што ја преживеаа катастрофата раскажуваат ужасни приказни за голготата низ која поминале и едвај спасиле жива глава.

Луѓе беа најдени во куќи гушнати еден со друг бидејќи огнот ги опколил нивните домови уште пред да излезат, немаше каде да одат. И овие домови кои се многу стари и се направени од дрво. Немаше никакво предупредување, раскажува Канди Олафсон, локален жител.

 

Како што се движевме стануваше се полошо, далноводите беа спуштени. И тогаш почнав да гледам чад. И имаше чад насекаде, но стануваше се погуст и гореа автомобилите и гореа станбените комплекси. И колку повеќе одевме понатаму, толку поразорно беше – сè е срамнето, вели Тифани Кидер Вин, жител на Лахаин.

 Властите во земјата проценуваат дека ова е една од најтешките катастрофи по цунамите од 1960та година кое ја погоди островската земја и во кое животот тогаш го загубија над 60 лица. Пламените јазици речиси целосно го пеплосаа историскиот град Лахаин, а првичните проценки говорат дека уништени се повеќе од 1.000 објекти.

Ќе бидат потребни многу години за повторно да се изгради Лахаин. Кога ќе го видите целосно степенот на уништување на Лахаин ќе се шокирате. Се чини како да експлодирала бомба и сите тие згради практично ќе треба да се обноват. Тоа ќе биде нов Лахаин, изјави Џош Грин, гувернер на Хаваи.

Претставниците на градската управа на Лахаин раскажуваат дека работите станале хаотични кога пламените јазици се приближиле, а луѓето во паника почнале сами да се евакуираат. Но дополнителен проблем претставувала блокадата на двата главни патни правци врз кои имало срушени електрични столбови кои се уште биле под напон.

Од сите хотели беше побарано да најдат засолниште на своето место. Дали луѓето сакаа да останат таму? Не. Сакаа да излезат. Сакаа да излезат од Лахаин. Ги замоливме да не го прават тоа затоа што се обидувавме да обезбедиме возила за итни случаи во Лахаин и да го отстраниме ова тесно грло. Не можевте да излезете, ако добро го познавате Лахаин, не можевте да излезете за да одите кон Ваилуку или да одите кон аеродромот. Тој пат беше затворен. Имаше 29 столбови што падна на нашите патишта. 29 од столбовите за струја беа паднати. И тие сè уште беа под напон, раскажува Ричард Бисен, градоначалник на округот Мауи.

Претседателот Џо Бајден прогласи голема катастрофа на Мауи. Тој вчера вети дека ќе биде обезбеден федерална помош односно „секој што изгубил близок или чиј дом е оштетен или уништен, веднаш ќе добие помош“. Бајден најави и дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби „ќе го зголеми персоналот за итни случаи“ на островот.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе