Вести Македонија Најважни

Телма дознава- Обврзниците кои ги заплени царината се со истечен рок

Обврзниците кои царината ги заплени кај турски државјанин на скопскиот аеродром не вредат 92 милиони долари бидејќи се со истечен рок и нивниот сопственик е починат, тврдат за  Телма извори од истрагата.

Станува збор за корпоративни обврзници на компанија регистрирана во една од омилените оф шор дестинации- Бахамите, а нивниот сопственик починал уште во 2015 година. Тие не котираат на ниту една берза и се безвредни.

Директорот на Царината, Стефан Богоев, цариниците морале да го задржат турскиот државјанин и обврзниците бидејќи ги немал пријавено како што налага законот.

Тој е дециден дека без разлика дали обврзниците имаат или немаат вредност истрага е отворена а со запленувањето на аердормот е спречено кривично дело бидејќи со нив можело да се стори измама или пак перење на пари.

Турскиот државјанин, кој беше уапсени на 28 јули, иако носел обврзници со туѓа сопственост, можел да ги внезе и изнесе од државата и тоа го предвидува член 30 од законот за девизно работење, но морал да ги пријави. Затоа тој одговара прекршочно и му е му е изречена глоба, покрај заплената на обврзнисите со истечен рок.

Од Комисијата за хартии од вредност соопштија дека сите информации за конкретниот случај ги споделуваат со надлежните институции вклучени во истрагата и не може да ги презентираат на јавноста.

Според познавачите со кои контактираше Телма, трговијата со обврзници се одвива исклучиво на берза а тие се во електронска форма, хартитените обврзници речиси и да се се користат и имаат повеќе значење како доказ за соппственост и потекло но и се најчест вид за вршење на измама.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе