Навивач на АЕК беше убиен синоќа по нападот на хрватски хулигани од навивачката група „Бед Блу Бојс“, а сега е познато и како незабележано стигнале до Атина и покрај забраната на УЕФА за гостински навивачи во двомечот меѓу АЕК и Динамо Загреб во третото квалифиакциско коло за фудбалската Лига на шампиони.
Тие овојпат не патувале со организиран автобус, но се самоорганизирале и со приватни автомобили тргнале на пат за Атина. Попатно се снимале и закачувале видеа на социјалните мрежи.
Како што се наведува, околу 200 членови на „Бед Блу Бојс“ патувале во конвој преку Албанија, со цел да ја измамат грчката полиција.
Се претставиле како туристи и стигнале во грчката престолнина по 1.400 километри пат. Патем, сепак, биле забележани. Биле снимени по пат и сега ги нарекуваат „конвој на смртта“ и се појавија во Атина, каде најпрво ги дочекала полицијата.
Тие, сепак, успеале да избегаат од полициска контрола на тој начин што се разтуриле во неколку правци за вечерта да направат терор пред стадионот на АЕК во атинската населба „Нова Филаделфија“. Зборно место им била подземната железница од каде заеднички се упатиле кон „Опап арена“.
Притоа нападнале луѓе кои седеле по кафулињата, а во тоа, наводно, имале помош од навивачи на Панатинаикос.
@AEK_FC_OFFICIAL #aekfc pic.twitter.com/ljWuNUAQ7x
— Petros_Eut (@Petros_Eut) August 7, 2023
