Вести Најважни Свет

Словенија исправена пред ново уште посилно невреме, евакуирано население и во делови од Хрватска

Словенија пред нов бран од невремето кое веќе неколку дена беснее во земјата со обилни врнежи, силен ветер и град. Земјата се соочува со катаклизмични сцени поради надојдените води кои поплавија речиси две третини од територијата на земјата, а во некои региони носеа се пред себе, па дури и цели куќи.

Таква беше сликата во село Преваљ каде водата буквално проголта двоспратна куќа и од неа не остана ништо.

Во моментов црни облаци се надвиснати над Љубљана, а се очекуваат во подоцнежните часови невремето да го погоди југоистокот од земјата. Словенечката агенција за животна средина прогласи портокалово предупредување за целата земја.

Ситуацијата е крајно критична, но е подобрена во споредба со петокот, гледате нашата куќа е урната, раскажува Милан Тасич, жител на погоденото место.

 

Три автомобили, моторите, се е под вода, се е под вода, вели друг жител на поплавеното населено место.

Утрово словенечките власти соопштија дека реката Мура го пробила заштитниот безбедносен насип поплавувајќи неколку села во регионот.

Но словенечките медиуми подоцна известија дека успеале да се справат со новонастанатата ситуација и дека го запреле истекувањето на вода од насипот.

Според последните мерења реката го има вториот највисок водостој забележан во историјата, а нивото на водата расте и по нејзиното течение во Австрија.

Најновите информации говорат и дека селото Черна во Корушка повеќе не е отсечено, со помош на механизација оспособен е еден патен правец до областа.

Се понудив да помогнам, колку што гледам центарот е поплавен, исто и плоштадот, изјави едно воено лице кое помага во справување со поплавите на терен.

 

Ако се повлече водата до еденипол метар, мислам дека објектите нема да бидат во опасност. Добиваме информации дека следи ново невреме, вели Томаж Рожен противпожарна служба од локалната противпожарна служба.

По Словенија водениот бран од реките Сава и Мура стигна и во Хрватска. Цивилната заштита на Хрватска почна да испраќа упатства до населението како да постапуваат.

Претпладнево во земјата воведена е вонредна состојба од поплави поради покачување на нивото на водата во областите Мура и Мурско Средишче каде е измерен рекорден водостој.

Во општината Брдовец поплавени се куќи и градини но нивото на водата таму опаѓа. Жителите на ова населено место се евакуирани во локалната противпожарна станица каде се обезбедени мобилни кревети, перници и ќебиња.

Според хидролошките извештаи, и понатаму се очекува нестабилно време над басенот Драва, Мура и Сава во Хрватска и соседните земји што пак може да резултира со нови, пообилни врнежи.

Последните прогнози укажуваат на можни обилни врнежи на подрачјето на Јадранот, Горски Котар и Лика.

Доцна попладнево невремето се пресели и на југозападот од Србија. Земјата е погодена од навеви на силен ветер кој кршеше дрва, носеше контејнери, а во Белград однесе и дел од покривот на зградата на српскиот парламент.

Делови од Белград останаа и без струја, а големите количини вода кои паднаа за кратко време го заглавија и сообраќајот.

Наместа паѓаше и град со големина на орев.

 Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе