Вести Најважни Свет

Словенија под вода – размерите на поплавите се катастрофални

Апокалиптичните сцени од Словенија по невремето во текот на ноќта кое ја зафати земјата го обиколија регионот, а сликите од поплавите се пренесуваат и во голем дел од светските медиуми. Состојбата во земјата не е подобрена, дождот, иако со помал интензитет се уште паѓа, а според најавите на метеоролошките служби ќе врне и наредните денови.

Словенечките власти јавуваат дека дел од реките во централна, северна и источна Словенија и натаму се излеваат од речните корита, а се очекува водостојот да расте и следниот период.

Во изминатите 12 часа ситуацијата беше полоша од сите предвидувања. На некои места паднаа и над 200 литри вода на квадратен метар, што е рекорд откако се прават вакви мерења.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб рече дека „катастрофалните“ поплави би можеле да бидат најлошите што земјата ги почувствувала од стекнувањето независност пред три децении.

Размерите на поплавите се катастрофални. Бараме секаква помош што би можеле да ја добиеме. Би сакал да кажам дека ситуацијата во областа е ужасна во однос на инфраструктурата особено, и би сакал да ги повикам луѓето да останете во затворени простории уште неколку часа. Не шетајте надвор, не талкајте на отворено, особено таму каде што работите сè уште не се поправени, вели Роберт Голоб, премиер на Словенија.

Поројните дождови доведоа до потопување под вода на големи површини низ северните, северозападните и централните делови на малата европска земја.

Агенцијата за животна средина на земјата го подигна метеоролошкиот аларм на највисоко ниво, а споредбите кои се прават се дека за 24 часа во земјата наврнал дожд колку за цел еден месец.

Поројните дождови предизвикаа невидени поплави и лизгање на земјиштето во делови од земјата, при што загинаа најмалку три лица.

Во Дравоград имаше апокалипса од библиски размери. Немаме патни контакти со светот, патот до Марибор е затворен. Во Словењ Градец се урна нашиот мост на главниот пат. Исто е и со патиштата кон Преваље, Межица, Црна Тие места се отсечени од светот, изјави Антон Прексавец, градоначалник на Дравоград.

Потопот што започна доцна во четвртокот и ги блокираше патиштата и мостовите, навлезе и во куќите и станбените згради што пак ги принуди надлежните да прибегнат кон евакуација на населението во поодделни места.

Долготрајни поројни дождови и излевање на реките и денеска се очекуваат во Словенија, објави Агенцијата за животна средина, која издаде црвена тревога за речиси целата земја.

Во Словенија е на сила вонредна состојба.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе