Вести Македонија Најважни

Доцни и делумно ќе се спроведе европскиот проект за реорганизација на државната администрација – главна пречка клучниот двотретински закон

Доцни реорганизацијата  на администрацијата, а и онаа која ќе биде направена во дел од министерствата нема да може целосно да функционира како таква. Според првичните најави трите министерства земјоделие, економија и за информатичко општество од први јули годинава требаше да функционираат според новиот план на организација, а останатите од 2024 година.

Но, министерот за информатичко Алиу вели дека е потребно повеќе време за да бидат направени сите аналзии. Оние  пак кои ја направиле  ќе можат да ја спроведат само во деловите кои не се опфатени со законот за органзиација и работа на органите во државната управа, за кој е потребно двотретинско мнозинство.

Потребна е поголема  анализа и мора да имаме јасна цел и анализа за сите инситуции не само за овие три институции… 62 организации се дел од тоа.  Тие без промена на законот не смееме да ги смениме без законот,  но имаме други институции  кои се  со посебен законот и тие инситуции може да се спојат или да се укинат, вели Азир Алиу- министер за информатичко општество и администрација.

Од министертвото  за економија за Телма  соопштија дека согласно одлуките донесени уште лани, министертвото  од почетокот на годинава ги  преземало сите активности за креирање на новата структура во инстируцијата.

Се уште не може да се имплементира, поради новата Уредба за начелата за внатрешна организација на органите на државната управа, која е во надлежност на МИОА, и сеуште се чека на нејзино усвојување, велат од Министерството за економија.

Од таму појаснуваат дека до крајот на годинава треба да се спојат..

  • Државен пазарен инспекторат со Државен инспекторат за техничка инспекција;
  • Фонд за иновации и технолошки развој со Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија;
  • Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со Дирекција за технолошко индустриски развојни зони и
  • Агенција за енергетика со Агенција за задолжителни нафтени резерви.

Генерално реорганизацијата е завршена и во земјоделие. Но,во информатичко очекуваат тоа да се направи до септемрви.

-Во нашето министерство се уште сме во фаза на анализа и до септември ќе ја завршиме и ќе видиме каде не се поврзуваме со законот за организација  и работа на органите во државната управа, да видиме анализите што ќе покажат, дали има некои органи да ги споиме или укинеме, додава Алиу.

Овие три министерства требаше да бидат пилот проект на она што е замислено. За европскиот проект од 2018 година до сега потрошени се околу 2 милиони евра. Со процесот е предвидено спојување на некој институции во една, транфери на вработени, затворање на агенции, а ќе има и кратење на бројот  на директори и членови на Управни одбори.

Целта е  со години проблематичната администрација да се направи ефикасна. Реформата  е една од клучните услови за преговорите со ЕУ, но кога ќе биде направена целосно направена не се знае.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе