Вести Најважни Свет

(Видео) Два дрона завршија во деловниот комплекс „Москва Сити“ во Москва, повреден е чувар, жртви нема

Украински дронови ноќеска ја оштетија фасадата на две згради во комплексот „Москва Сити“. Агенцијата ТАСС наведува дека една кула е сериозно оштетена, искршени се прозорците од прв до четврти кат, а повреден е чувар и во една од нив.

На каналот Маш на Телеграм е објавено дека дрон паднал и на друга кула околу три часот утрово, пришто се оштетени неколку прозорци на петтиот и шестиот кат.

На снимките кои кружат низ социјалните мрежи може да се види силна експлозија по уривањето на дронот врз зградата по што се слушаат и минувачи кои врескаат во паника.

Уште две други летала се соборени во западниот дел на московската област, во реонот на Одинсово и Красногорск. Руското Министерство за одбрана наведува дека украинскиот обид за напад на објекти во Москва бил осуетен.

Аеродромот Внуково е привремено затворен за полетувања и слетувања, подрачјето околу „Москва Сити“ е оградено, а сообраќајот по една од улиците е блокиран.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин порача дека причинетата штета е мала и дека нема жртви во нападот.

Официјален Киев сè уште е без коментар по изјавите на руските власти.

Беспилотни летала во повеќе наврати досега ја нападнаа Москва. Пред неколку месеци два дрона ја нападнаа куполата на Сенатскиот дворец во Кремљ. На почетокот на јули неколку беспилотни летала погодија станбени, но и нестанбени згради во Москва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе