Вести Македонија Најважни

Министрите на ДУИ депонираа условени оставки, ВМРО-ДПМНЕ бара тие да бидат неотповикливи

Министрите и функционерите од ДУИ ги депонираа своите оставки до премиерот Димитар Ковачевски, а кои ќе се активираат штом ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени. Колективната оставка ја соопшти лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, кој денеска, лично, го прочита писмото упатено до Ковачевски со условените оставки на петте министри од ДУИ. Ахмети овој чекор на ДУИ го соопшти на средба со дијапсората во Тетово, на која беше придружуван од петте министри во чие име ја депонираше оставката – првиот вицепремиер, Артан Груби, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

„Тргнувајќи од условот на опозицијата дека ќе гласаат за уставните измени доколку Демократската унија за интеграција излезе од Владата, легитимно избрани по волја на албанскиот гласач, свесни за надежите и соништата на луѓето да станат дел од големото европско семејство, министрите и владините функционери од редовите на Демократската Унија за Интеграција поднесуват оставки од функциите што во моментов ги извршуваат! Оставките, г-дин Премиере, се материјализират автоматски во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставни измени“, соопшти Али Ахмети, лидер на ДУИ.

На понудата од ДУИ брзо стигна одговор од ВМРО-ДПМНЕ, во кој не се споменуваат уставните измени и временски рокови, туку се бара неотповиклива оставка од ДУИ и брзи избори.

„Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност. Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните“, гласи одговорот од ВМРО-ДПМНЕ.

Со рекација на депонирањето на оставките на министрите од ДУИ, се огласи и СДСМ, од каде го пофалија ваквиот потег на нивниот коалицискиот партнер во владата, со порака дека сите услови кои ги побарало ВМРО-ДПМНЕ за да гласа за уставните измени се исполнети.

„Ставајќи го државниот пред партискиот интерес ДУИ покажа одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани. Со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ“, стои во реакцијата на социјалдемократите.

Од СДСМ преку реакциата го повикаа лично лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да покаже дали има државнички капацитет и да донесе одлука и да преземе одговорност – за ЕУ или за изолација.

Ваквиот потег на ДУИ вчера го најави потпретседателот на партијата, Бујар Османи, кој изјави дека интегративците се подготвени да го исполнат барањето на ВМРО- ДПМНЕ за повлекување од владата во замена за гласање на уставните измени од страна на опозицијата.

„Спремни сме сега да ја потпишеме, да ја доставиме до премиерот, до Собранието, до политичките партии“, рече Османи.

Широка влада без ДУИ инаку беше едно од барањата која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски, му ги испорачано на премиерот и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, лидерската средба за уставните измени, одржана на почетокот од јуни. Опозицијата тогаш освен широка влада без ДУИ, гласањето за уставните амандмани го услови и нивно одложено важење по влезот на Македонија во ЕУ, како и предвремени избори.

Разидувањето меѓу власат и опозицијата што било понудено, а што било профатено на лидерската започна ден по нејзинотот одржување, за пред околу три недели Мицкоски да соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува сите понуди од маса и дека единствено што бара се предвремени избори и тоа оваа есен.

Во меѓувреме власта продолжи со реториката дека се исполнуваат условите кои опозицијата ги поставила за да гласа за промена на Уставот, што резултираше денеска и со условената оставка на министрите од ДУИ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

 МНТ со праизведба на  „ Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „ Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе