Вести Македонија Најважни

Напаѓачите идентификувани, приведени 19 бугарски државјани и двајца македонски – Спасовски за инцидентот кај „Чаирчанка“

Приведени се дваесет и едно лице пред фудбалскиот напревар меѓу Левски и Шкупи, а за инцидентот во Чаир, каде има и едно приведено лице, идентификувани се повеќе напаѓачи и за скоро време деталите за овој инцидент ќе бидат соопштени, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Тоа беше меч оценет како меч од висок ризик. Меѓутоа, морам да кажам дека од почетокот на мечот до неговото завршување практично и да немавме некаков инцидент. На почетокот при влегувањето имавме една група на навивачи кои дојдоа од соседна Бугарија и кои практично се однесуваа насилно кон припадниците на македонската полиција. Приведени се вкупно 21 лице, од кои 19 бугарски државјани и двајца македонски државјани кои се приведени и биле дел од навивачката група на Шкупи“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелник на новиот објект на полициската станица во Аеродром.

Посочи дека македонската полиција била организирана за овој натпревар со предзнак од висок ризик и затоа навивачите од Бугарија, кои пристигнале на граничниот премин „Деве Баир“ биле преземени и во полициски кордон донесени на фудбалскиот стадион. За инцидентот во Чаир, како што појасни, најверојатно имало навивачи кои пристигнале со неколку возила.

„При минување во Чаир, преку одредена провокација која што ја прават, настанува конфликт при што знаеме дека има едно повредено лице. Таму се идентификувани веќе напаѓачите. Моментално работат колегите и јас очекувам за многу скоро време да ги имаме детално сите информации за што ќе ве известиме“, изјави Спасовски.

Првиот човек на македонска полиција порача дека спортските настани треба да бидат места за уживање, а не места во коишто ќе се продуцира насилство.

Навивачи на Левски прво се карале, па се степале со граѓани кај „Чаирчанка“, повредениот е опериран и во стабилна состојба

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе