Вести Македонија Најважни

„Иловица“ на пратенички прашања – власта и позицијата со меѓусебни обвинувања за корупција и криминал

Владата и опозицијата со серија обвинувања за криминал и корупција околу концесиите на „Еуромакс“ за рудникот „Иловица“ на денешните пратенички прашања во Собранието. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, праша зошто концесијата не е раскината, иако роковите за доставување на документи истекле и дозволиле да се случи лакрдија и кое е влијанието на компанијата во сопственост на Назиф Дестани.

Министерот Бектеши му порача одговорите да ги бара и во својата партија, бидејќи на голем дел од документите стојат токму потписи од функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Ковачевски, пак, побара одговор од опозицијата кој е интересот да се даде втората концесија која целосно ја опкружува првата концесија за „Иловица“.

Откако Владата завчера ја повлече одлуката за спојување на двете концесии за „Иловица“, се се огласија од „Еуромакс“ и соопштија дека ќе почекаат одлуките за спојување и повлекување да бидат објавени јавно, а потоа нивните правни тимови ќе направат увид и ќе го информираат Бордот на директори кој ќе ги даде насоките како компанијата ќе постапува за да ги, како што велат, „заштитат своите права како инвеститори“.

Од таму одлуката на Владата ја оценија како преседан, кој внесува несигурност кај странските и домашни инвеститори и влева недовреба во владеење на правото. Од компанијата веќе соопштија дека не ја исклучуваат можноста да поведат арбитражен спор против државата во Вашингтон и потсетија дека „формално известување“ за иницирање на процес е доставено до Владата уште во март во 2020 година.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе