Вести Македонија Свет

ФОТО: Американците го сместија Камчев меѓу дилери на дрога од Белгија и Мексико

Намерно или не, американците денеска го сместија Орце Камчев во многу непосакувано друштво, за кого велат дека е бизнисмен (а има и сопственост во приватна болница), но го сместија меѓу белгиска нарко група и мексикански дилер.

Денеска американското Министерство за финансии ја дополни црната листа на OFAC со 5 имиња, а меѓу нив е Орце Камчев, за кого велат дека има сериозни криминални дела од 2000-тата наваму поради што му забранија пристап во САД и му ги замрзнуваат сите средства, поседи и имоти поврзани со него и неговите фирми на територија на Соединетите американски држави. Покрај тоа, меѓу назначените санкции за Камчев се посочени и забрана за финансиски трансакции со Орце Камчев и неговите правни лица, бидејќи на тој начин, тие што соработуваат со него, се ставаат на потенцијална листа за санкции.

Покрај Камчев, денеска на црната листа на САД заврши и дилерската група која продавала кокаин низ Белгија и западна Европа и сега се крие во Дубаи. На листата се браќата Јунес и Отман Ел Балути, како и Јусеф Беназа. Сите имаат белгиско државјанство.

Веднаш зад нив е Камчев, а после Камчев исто така поради нелегална трговија со дрога на црната листа на САД е ставен и Франко Табарез Мартинез кој има мексикански пасош и е дел од картел во државата која се наоѓа на југ од САД.

Орце Камчев на „црната листа“ на САД поради корупција

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе