Вести Македонија Најважни

Убиството на Оки било најавено ден претходно на „Тик – Ток“

Вчерашното убиство на Халкидики, на македонскиот државјанин Орхан Бајрами-Оки било најавено на платформата „Тик – Ток“ еден ден претходно. Профилот од кој била најавена ликвидацијата повеќе не е достапен. На истиот профил наводно повеќе од една година биле најавувани и други ликвидации, објави порталот 4NEWS.mk.

На објавата во сличајот со Оки пишувало дека тој е следен на листата за ликвидација, а потоа и дека работата е завршена.

Засега не е познато кој стои зад профилот и дали тој има директна поврзаност со убиството во Ханиоти.

Грчките медиуми вчера објавија дека првичните сознанија упатуваат на мафијашка пресметка, иако грчката полиција се уште го испитува случајот.

Информациите говорат дека напаѓачите дошле со мотори, маскирани, среде ноќ и со над 20 куршуми ги застрелале Орхан Бајрами Оки и Сеад Слезовиќ во апартманите во луксузните Суни вилас во Ханиоти.

Грчките медиуми известуваат дека полицајците по првиот повик кога стигнале на лице место нашле дваесетина чаури.

Ликвидација на Егејско Море- војната на скопските кланови продолжува и надвор од Македонија

 

Вчера беше објавено дека грчката полиција трага по две непознати маскирани лица кои пукале во апартманот во Ханиоти при што е убиен 39-годишниот Орхан Бајрами, а ранет е 45-годишниот Сеад Слезовиќ кој бил со него во апартнот и кој по инцидентот е прнесен во болницата во Полигирос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе