Вести Македонија Топ вести

„Феникс“ е обид за дефокус според дел од јавноста, а Обвинителството порачува – партиите да не ја злоупотребуваат истрагата за политички цели

Партиите да не ја злоупотребуваат истражната постапка за „Феникс“ за политички цели. Ова е апелот од државното обвинителство, од каде што побараа политичарите да вложат напори во борбата со корупцијата, за што декларативно се залагаат.

За истото пред само неколку дена реагираше и Стејт департментот. Немешањето во судството е од суштинско значење за пристапување во ЕУ и градење доверба во институциите. Ова го порачаа од САД.

Обидите за јавна и лична дискредитација на обвинителот кој постапува по овој предмет се неосновани велат од ОЈО. Ги отфрлуваат сите шпекулации за времето во кое се одвиваат сите дејствија.

За дел од јавноста, предметот „Феникс“ е само обид за дефокус од другите актуелности. Од обвинителството возвраќаат.

„на 12 јуни, јавниот обвинител до МВР веќе достави Наредба со насоки за подготовка на сите потребни мерки за реализација на кривичниот предмет. На 29 јуни околу 11 часот, јавниот обвинител телефонски беше известен дека едно од осомничените лица е запрено на граничен премин во обид да ја напушти државата. Поради тоа, беше итно и неопходно да започнат процесни дејствија соодветни на обидот за напуштање на државата“ пишува во дел од соопштението на Јавното обвинителство.

Каде исчезнаа парите? 

Уште од пред една деценија има истражувања околу тоа – што сѐ е направено во проектот „Скопје 2014“ и како се одвивале инвестициите од страна на општината Центар во тоа време.

Поранешниот антикорупционер, Драган Малиновски, кој бил директно вклучен во истражувањето прашува – како исчезнаа парите на пат од Италија?!

„Ние ја утврдивме злоупотребата помеѓу разликата која била прифатена на понудувачите од италијанските фирми и оние кои биле одбиени. А, биле одбиени од сосема неразумни причини и нивните понуди воопшто не биле евалуирани. Разликата помеѓу едните и другите и тоа само за единаесетте споменици е околу осум милиони евра. Пари коишто исчезнале на патот од Италија. Затоа на мене ми пречи кога некој коментира дека реакциите на јавноста vis-à-vis овие споменици се против јакнење на идентитетот на македонската нација и историја. Па, се прашувам – зарем идентитетот немаше да биде доволно јак ако се платеше вистинската сума?!“ порачува Драган Малиновски, адвокат и поранешен член на ДКСК.

Телма вчера објави информации од свои извори во обвинителството. Во проектот „Скопје 2014“ не само бронзата туку поскапо се плаќал и мермерот. И тоа речиси за петпати повеќе од реалната вредност.

Обвинителите од Обвинителството за гонење на организиран криминал возобновија истрага на СЈО стара седум години, за криминал направен пред речиси деценија и половина.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе