Вести Македонија Најважни

Тим обвинители тргнаа во истрага во Струга, Судски совет негира дека примил претставка од антикорупциска

По неколку дена молк и егзил од јавноста, струшкиот градоначалникот утрото го одбележа со присуство на социјалните мрежи и тоа во друштво на русокоса. По старата слика за активности со амбасадорката на САД, Мерко најави соработка со правдата. Ќе ги отвори портите на општината за истражителите.

По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт Департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите, за кои ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Oд страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација, бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции, објави мерко на својот фејсбук профил.

САД му забрани влез и на него и на целото негово семејство (сопругата и трите полнолетни синови), тој тврди дека и натаму ќе ги поддржува американските  заложби на Македонија и Струга.

Од Претседателот Вилсон па сѐ до ден денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга, се вели во статусот на Мерко

Појавувањето на Мерко, коинциденција или не, се поклопува со тимот обвинители кои тргна кон Струга и Битола за да открие каде заглавиле 6-те предмети против него.

Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ денеска врши надзор на постапувањето во предметите во ОЈО Струга и ВЈО Битола. По целосните проверки на постапувањето, Комисијата ќе изготви извештај, се вели во соопштението на ОЈО

Некои дела на Мерко за кои има истраги се направени и во периодот пред 2013-та, но поради големи кочници во надлежните истражни органи никако да се приведат до крај. Црната листа ги забрза активностите, а одговорност во кочење на истрагите и постапките против Мерко забележаа и антикорупционерите на кои, пак, денеска им одговори Судски совет. Ги прегледале подрумските архиви и не нашле претставка од 2019-та, туку само таа од пред две години. Реагираат дека беспредметно е вперен прст кон нив кога евентуалниот криминал и влијание на Мерко се постари од три години до денот на поднесување претставките.

Во ургенцијата, ДКСК  се осврнува и на двете решенија од 2016 и 2017 година донесени од ист судија, Претседателот на основниот суд  во Струга Ифет Бајрамовски, кои како што тврдат, иако се темелат  на иста фактичка состојба и исти образложени причини, различно ја решаваат правната работа.Во првиот случај, барањето на должникот –општина Струга се одбива, додека со второто решение се усвојува.Во прилог на оваа ургенција е  доставена и претставка од ДКСК  од 2019  година, која е  насловена до тогашниот Претседател на Судскиот совет, Киро Здравев. Веќе на 10.06.2021, или само неполна недела по добивањето на ургенцијата, Судскиот совет испраќа известување до ДКСК  во кое се информира оваа институција дека во конкретниот случај е поминат подолг временски период, односно истечен рокот од три години  предвиден во член 61 од Законот за судски совет, наведуваат од советот.

Во реакцијата судски совет ја повикуваат ДКСК да достави доказ дека претставката е навистина примена во Судскиот совет во 2018 година, кога сѐ уште течеле роковите за постапување. Зачудува фактот што на Антикорупциска и требале дури 2 години да реагира со ургенција за споменатиот случај и се поставува прашањето зошто не се заинтересирале дотогаш да побараат одговор дали е постапено по истата, стои на крајот од реакцијата.

Мерко, дополнително ќе ги замрзне активностите во партиските структури на ДУИ до затворање на процесите, откако синоќа неговата матична партија наместо одговор  за нивниот функционер ја нападна опозициската ВМРО-ДПМНЕ за тендерски проневери.

Инаку САД на црната листа ги остава функционерите со години, а некои се непожелни и по две децени. Затоа не е јасно дали Мерко го замрзнува членството во ДУИ во периодот додека тој и целото негово семејство се на црната листа и непожелни за САД, или пак ќе продолжи во зависност од резултатот на свесно закочените 6 истраги кои се активни против него. Тој преку ФБ се заблагодари и на оние што го гласале и 4 пати му овозможиле да биде градоначалник на Струга и смета дека заедно го подобриле и работеле за подобар живот на стружани и развој на Струга.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неделава почнуваат европските избори, крајната десница се надева дека ќе оствари добар резултат

Дејан Дејан

Нема веќе субвенции за струја

Дејан Дејан

Ниту Осман Кадриу не доби двотретинско мнозинство за да стане претседател на Уставен суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе