Вести Свет Топ вести

„Нова демократија“ апсолутен победник на изборите во Грција – Мицотакис порача: Земјата отвора ново историско поглавје

Нова демократија на Мицотакис е апсолутен победник на изборите во Грција. Освои широко мнозинство во парламентот.

Со 158 пратенички места Мицотакис може да формира еднопартиска Влада.

Нова демократија освои 40,52-ва отсто од гласовите, или близу 23 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА на Ципрас.

На трето место е ПАСОК со 32-ве пратенички места, а Комунистичка партија има 20 пратеници.

Во Парламентот, со 13 пратеници влегува и досега непознатата десничарска партија Спартанци.

„Грчко решение“ има еден пратеник помалку, а Победа добива десет пратеници.

Во своето прво обраќање по затворањерто на избирачките кутии, Мицотакис порача дека Грција отвора ново историско поглавје.

Ќе останам верен на мојата национална должност и нема да толерирам ароганција или вообразено однесување. Ќе ги продолжам клучните реформи со забрзано темпо. Целите се високи. Вториот мандат може да ја трансформира Грција, со подобро јавно бесплатно здравство, моќна земја на првата линија на Европа. Имаме план и искуство да го оствариме тоа. Ваквата великодушна поддршка ме прави да се чувствувам уште повеќе должен да и служам на земјата со сите мои овластувања, рече Мицотакис во своето прво обраќање по изборниот ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Парализиран маж по три години повторно почувствува допир

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе