САД извршија нов бран воздушни напади врз Иран, шеста ноќ по ред, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека целта е слабеење на иранските воени капацитети. Нападите се случуваат додека продолжуваат судирите околу Ормутскиот Теснец, еден од најважните светски поморски коридори.
Иранските државни медиуми тврдат дека во нападите биле погодени и цивилни објекти, меѓу кои мостови, железничка станица и аеродром, при што според државната агенција ИРНА загинале седум лица. Од Белата куќа засега нема официјален коментар за овие тврдења.
Меѓувреме, Иран соопшти дека возвратил со напади врз американска воена инфраструктура во Кувајт и Бахреин, додека американскиот претседател Доналд Трамп порача дека останува отворен за дипломатија, но предупреди дека САД ќе продолжат да реагираат доколку Иран ги загрозува бродовите во Ормутскиот Теснец.
