Европската комесарка за проширување Марта Кос остро ја осуди изјавата на српската министерка Снежана Пауновиќ дека доколку била на местото на Слободан Милошевиќ во 1998 година, „етнички би го исчистила Косово“.
Кос порача дека таквата реторика е неспоива со европските вредности и дека не може да замисли министер да остане на функцијата по таква јавна изјава. Пауновиќ подоцна се извини, тврдејќи дека не мислела на физичко насилство, туку на создавање услови Албанците да ја напуштат Србија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени изјавата како непромислена, но не побара нејзина оставка.
