Вести Македонија Најважни

Телма сторија: Изворска вода на пат да урива домови во населба Водно

Изворска вода на пат да урива домови. На 10 метри зад куќите на семејствата Бојовиќ и Крстевски тече  вода, која се слева директно врз задните ѕидови на двете куќи. Проблемот трае веќе четири месеци. Утврдиле дека водата доаѓа од земјиште во сопственост на Град Скопје па побарале помош од ЈП Водовод и канализација. Но, тоа утврдило дека водата е изворска и затоа нема ингеренции за решавање на проблемот. Очајни, побарале помош од градските служби.

  • Проблемот трае веќе четири месеци. Поднесена е претставка до Град Скопје. Нивниот одговор беше дека кога ќе најдат решение ќе бидеме известени, но оттогаш наваму комуникацијата е на неколку дена и одговорот е постојано ист дека се постапува на случајот, вели Љубиша Бојовиќ-сопственик на имот.

Од надлежните не добиле ниту помош ниту ветување. Бојовиќ и неговите соседи сами поставиле импровизирани канали со цевки и најлони. Додека чекаат да се утврди кој сектор од градот е задолжен за решавање на проблемот, семејствата трпат огромни материјални штети. Во нивните домови мувлосаните ѕидови почнале да се ронат.

  • Од пролетта како ја имаме не е застаната. Водата веќе ми е влезена во куќата. Потребен е багер, а тоа е голема инвестиција која јас самата со една пензија не можам да ја направам и сега останува така на милост и немилост додека нашите власти ја префрлаат топката од едни на други не знам до каде ќе стигнеме ние, вели Благородна Крстевска, сопственичка на имот.

Од Град Скопје ја префрлуваат одговорноста на Општина Центар. Додека жителите на улица Белградска во населбата Водно продолжуваат да живеат со надеж дека изворската вода нема да им ги урне куќите, од Град Скопје велат дека можат единствено да вршат реконструкција и одржување на коловозот. За инвестициски и градежни активности, препратуваат на адреса на Општина Центар.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Викендов со нешто попријатна временска состојба – Временска прогноза за 11.5.2024

Дејан Дејан

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе